Оддел за заштита на деца во ризик и деца на улица
Оддел за заштита на деца во ризик и деца на улица врши услуги на информирање и упатување, услуги на стручна помош и поддршка, услуги на советување, услуги на вон-семејна заштита и мерки на помош и заштита на деца во ризик, деца на улица, деца сведоци, деца жртви на дејствија. Одделот постапува по барање на родител, пријава од училиште, по барање на основно јавно обвинителство, министерство за внатрешни работи и други институции.
Во Одделот функционира дневен центар за улични деца - деца на улица кој на овие деца им обезбедува услуга за дневен престој со дневно згрижување, индивидуални активности за стекнување животни и работни вештини, социјални, културни и рекреативни активности, едукација, социјална поддршка на лицата и нивните семејства и други сродни активности.
Услугата за рехабилитација и реинтеграција на лица кои се соочуваат со социјални и/или здравствени проблеми се обезбедува преку психо-социјална поддршка, терапевтска работа, работно-окупациона терапија, поддршка за стекнување на работни вештини и вештини за вработување, реинтеграција и самостојно живеење.