Copyright 2025 - Јавна Установа Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје

Оддел за заштита на деца во судир со законот


     Одделот за заштита на деца во судир со законот врши услуги на информирање и упатување, услуги на стручна помош и поддршка, услуги на советување, услуги на вон-семејна заштита (сместување во установа), за деца со воспитно-социјални проблеми, за деца сторители на  кривични дела од 14 години до 16 години и за деца сторители на кривични дела над 16 години, кривично одговорни. Одделот постапува по барање на родител, пријава од училиште, по барање на основно јавно обвинителство и Основен Суд Скопје 1. Одделот реализира и следи алтернативни мерки, следи и реализира воспитни мерки  (надзор од центар за социјална работа и засилен надзор од родител) и упатува во установа.

     Услугата за рехабилитација и реинтеграција на лица кои се соочуваат со социјални и/или здравствени проблеми се обезбедува преку психо-социјална поддршка, терапевтска работа, работно-окупациона терапија, поддршка за стекнување на работни  вештини и вештини за вработување, реинтеграција и самостојно живеење.

     Услугата за ресоцијализација се обезбедува преку советодавна работа, индивидуална, семејна и групна терапија, образовна поддршка, придружба, едукации за развој на вештини, спорт, рекреација, творештво, поддршка за стекнување на работни  вештини и вештини за вработување и други услуги на ресоцијализација, во зависност од  потребите на корисниците.

     Услугата за сместување на деца во судир со законот на возраст од 14 до 18 години со изречена мерка упатување во воспитна установа, согласно прописите од областа за извршување на санкциите и упатување во соодветна установа согласно закон, ресоцијализација, реинтеграција, воспитание, пристап до образование и образовна поддршка, организирано минување на слободното време и други услуги за ресоцијализација, се организира во воспитна  установа за деца, согласно Законот за правда на децата.